Колку е добро да се биде Регрутер на Возачи во Америка?
Работата на еден регрутер на возачи во американската транспортна индустрија е многу значајна и одговорна, и во голема мера влијае врз безбедноста на патниците и товарот што се превезува. Иако оваа работа со себе носи доста предизвици, има предности кои ја прават задоволство.
Прво, регрутерите имаат можност да помагаат на луѓето да пронајдат работа во растечка индустрија која нуди можност за напредок. Преку работата, регрутерите им помагаат на возачите да најдат работа која одговара на нивните потреби, интереси и способности.
Второ, регрутерите имаат значајна улога во безбедноста на патниците и товарот што се превезува. Возачите мора да бидат квалификувани и да ги почитуваат прописите и законите за безбедност на државата. Секој регрутер треба да ги провери квалификациите и работните искуства на возачите пред да започнат, за да се осигура дека ги избира најдобрите и најквалификувани возачи за работа.
Трето, регрутерите на возачи имаат добро платена работа и многу можности за напредок во кариерата. Оваа работа, иако предизвикувачка, нуди можност за работа со многу различни компании и луѓе во индустријата. Се работи за многу динамична професија.
Сепак, како што кажавме, работата на еден регрутер не е без предизвици. Мора да се биде внимателен и прецизен при проверка на квалификациите и работните искуства на возачите. Се со цел да се изберат искусни и добро квалификувани возачи кои ке бидат дел од транспортната индустрија и компанијата која се претставува.
Следна тема која би сакала да ја покријам е заработката. Платата на регрутерите на возачи во транспортната индустрија во Америка зависи од многу фактори, вклучувајќи ја големината и видот на компанијата, географската локација, нивото на искуство и квалификации на регрутерот. Според најнови податоци, просечната годишна плата на еден регрутер во транспортната индустрија изнесува од 45,000 до 65,000 долари. Сепак, платата може да биде и значително поголема за регрутери со повеќегодишно искуство.
Уште една причина за одлична заработка е тоа што повеќето транспортни компании во САД имаат високи стандарди и очекувања од своите регрутери. Регутерите треба да знаат да направат соодветен избор на возач и притоа да бидат запознаени со сите прописи и правила на транспортната индустрија во државата. Иако работата знае да биде напорна, таа има големо значење за успехот на секоја транспортна компанија. Без возачи и регутери да ги донесат тие возачи, транспортната индустрија не би функционирала.
Исто така, еден од факторите кои придонесуваат кон големата плата на регутерите во САД е конкуренцијата на пазарот. Транспортните компании мораат да понудат конкурентни плати за да ги задржат квалификуваните регрутери на возачи.
Заклучок е дека платата за регрутерање може да се разликува во зависност од географската локација на работата, нивото на искуство и обем на работа, но тоа се уште се смета за една од најдобро платените професии.
Дополнително, регрутерите може да добијат и можности за обуки и развој на вештини, што дополнително ја зголемува заработката и придонесува кон напредок во кариерата. Другите бенефити кои може да ги имаат регрутерите во американската транспортна индустрија се: здравствено осигурување (приватно или државно), годишен одмор и бонуси и стимулативни пакети (на пример бонус за секој вработен возач во компанијата, дополнително од основната плата).
Регрутирањето може да биде одличен кариерен потег за луѓе кои имаат интерес кон транспортната индустрија и сакаат да направат важен придонес кон успехот на компанијата за која работат.
Што се однесува до сатисфакција при работа, регрутерите имаат можност да работат со многу луѓе и да им помагаат да ја пронајдат вистинската работа за нив. Тоа го прави работниот ден разновиден и интересен. Регутерите имаат можност да бидат во контакт со многу луѓе од различни професии, култури и националности и да работат на градење јаки односи со клиенти и возачи.
Работата може да овозможи развој на регрутерот како професионалец, развој на комуникациски и преговарачки вештини и препознавање на таленти. Секој ден носи разновидност, предизвици, нови задачи и ситуации. Одличен избор на кариера за луѓе кои сакаат да работат во динамична и интересна средина.
Дали сте се запрашале како изгледа еден работен ден во животот на еден регрутер на возачи?
Еден типичен работен ден на регрутер на возачи може да започне со проверка на е-пошта и препорачани сајтови за работа како LinkedIn и Glassdoor, каде што се наоѓаат нови потенцијални кандидати-возачи. Регрутерот може да добие и телефонски повици од веќе заинтересирани возачи кои би сакале да работат за компанијата.
Откако ќе ги провери новите кандидати, регрутерот може да започне со спроведување интервјуа, каде што разговара со кандидатите за нивните работни и животни искуства, вештини во возење, сообразност со сообраќајните прописи и друштвени норми. Се разговара за квалификациите на кандидатите и дали се согласуваат со барањата на компанијата. Истоворемено се дискутира целокупната работна понуда (како плата, области кои се покриваат и други поволности) и се носи одлука за продолжување кон следниот чекот. Возачот не е единствениот кој ја носи таа одлука. И регрутерот треба да процени дали кандидатот е доволно квалификуван и дали ги исполнува сите критериуми да биде прифатен од компанијата.
Во следниот чекор, и откако е заклучено дека ќе се продолжи со кандидатот по првичниот разговор, регрутерот почнува да прави проверки на квалификации, работно искуство и криминално досие. Овој чекор е потребен за да се воспостави со сигурност дека избраниот возач-кандидат е добар додаток на тимот во компанијата. Доколку се воспостави дека кандидатот има лошо сообраќајно минато, регрутерот има право да ја одбие апликацијата. Во споротивно, се продолжува кон следниот чекор.
Откако ќе се завршат сите проверки, кандидатот е подготвен да присуствува на ориентација за работа и да започне. Најчесто се организира транспорт и сместување и се определува датум за негово пристигнување.
Во мојот работен ден, најголем дел од времето го поминувам на прегледување апликации и контатирање веќе постоечки и нови кандидати. Иако работата знае да биде напорна од време на време, сепак е задоволство да се помага на луѓе кои сакаат да ја пронајдат вистинската кариера за нив.
За крај, би повторила дека работата како регрутер на возачи во транспортната индустрија во Америка носи повеќе сатисфакции отколку предизвици и нуди можност за голем професионален и платен напредок.